Скопје

Расчистена кражбата извршена врз Романски државјанин – украденото вратено на сопственикот

СВР Скопје – Полициска станица Центар ја расчисти кражбата што на 25.07.2021 била извршена над А.Г.(47) од Романија, при што била одземена поголема количина златен накит. Во врска со кражбата, извршен е службен разговор со А.И.(63) од Скопје и кај него биле пронајдени дел од украдените предмети, кои биле вратени на сопственикот.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На почеток