Актуелно

(ВИДЕО) Нов сингл на македонскиот бенд БДМ, кој е најава за нивниот прв албум

Македонската алтернативната денс група, БДМ, го промовира седмиот сингл, Keep All The Love. Песната e во клубски и фестивалски звук, и како претходните песни на групата, донесе еден различен стил на музика во Македонија.

Новата песна на БДМ е во соработката со Дофеин, музичар со македонско потекло кој живее во странство. Дофеин е анонимен лик скриен зад маска, која е негов заштитен знак и изјави дека зад маската не стои човек, туку идеја.

За Keep All The Love, како и за сите претходни песни, момците од БДМ направија интересно видео. Спотот го режираше Виктор Стоимиров, а е снимен во Мичиген, САД.

„Овој спот е продолжение на првиот спот на БДМ, за песната Lее, кој излезе пред точно три години на истиот овој датум. Ова е трет спот што го снимаме Виктор и презадоволни сме од тоа како изгледаат нашите видеа, па затоа оваа соработка ќе продолжи и во иднина“, велат момците од БДМ.

To Top