Свет

(ВИДЕО) Во Германија се превртел автобус од Србија, повредени се 19 лица

Автобус со германски таблици, кој патувал од Белград до Стокхолм, се превртел во Германија во сојузната држава Банденбург, јавуваат српските медиуми.

Во автобусот имало 34 патници, од кои 19 биле повредени, пренесува „Билд“.

Ралф Меијер, портпарол на полицијата рекол дека автобусот патувал од Белград до Стокхолм низ Берлин, и во него имало многу интернационални патници. Меѓу нив двајца од Израел, еден од Шведска, и седум Срби.

Од 19 повредени, девет биле во тешка ситуација, соопштила полицијата во Бранденбург. Тие се префрлени во болница.

To Top