Македонија

Пендаровски контра СДСМ И ДПМНЕ, не им го потпишува Изборниот законик со измените

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, нема да го потпише Изборниот законик ако биде изгласан предлогот на текстот кој во моментов е во собраниска процедура. Според него, најспорен е членот кој предвидува да мора да се соберат 2% од потписите на гласачите во една општина за кандидирање на независна листа.

На тој начин, вели Пендаровски, се оневозможува влез на други субјекти на политичката сцена.

„Нема логика бидејќи за кандидирање на претседател на државата се потребни 10 000 потписи, а толку да треба и за кандидирање советници во Град Скопје”, рече Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање на денешниот брифинг со новинарите.

Дополнителна причина, пак, што тој не би го потпишал Изборниот законик е што се носи непосредно пред распишување на избори, што повторно е спротивно на препораките на ОБСЕ. Сепак, вели Пендаровски, би ставил потпис ако се согласат сите политички и општествени чинители.

На почеток