Видео и Фото

(ФОТО) Сообраќајка на патот Охрид-Струга: Возилата искршени, полицијата на терен

Тешка сообраќајна несреќа се случи на стариот пат Охрид-Струга. Се судрија две возила, од кои едното е марка „Фијат пунто“. Второто возило кое учествувало во сообраќајката е истуркано од патот, поради силината на ударот. Нема информации за со какви повреди се здобиле возачите и евентуалните патници.

На терен е излезена и увидна полиција од Секторот за внатрешни работи во Охрид. Причините за несреќата ќе се утврдуваат дополнително. Познато е дека на овој патен правец се вози со голема брзина, која не е прилагодена на законските прописи.

На истото место има и плажа која е наречена „Оровничка“, па така, тука често се слулува да претрчуваат и пешаци, иако нема пешачки премин и е со голема фреквенција на возила. Токму ова се и причините за несреќите кои најчесто се случуваат во летниот период.

На почеток