Видео и Фото

ВИДЕО: Скопје се поплавува и од дожд

Краткотрајното невреме кое вчера го зафати Скопје, ги извади на површина старите проблеми на граѓаните. Поплавени улици, затната канализација, вода насекаде. Ваква беше сликата на повеќе места. Едно од тие е и улицата Сава Михајлов во Ченто.

Граѓаните нервозни и вознемирени бидејќи мора да патролираат при секое невреме за да подрумите, но и гаражите и домовите не им се наполнат со вода.

„Мислев дека сте во Венеција“, е само еден од саркастичните коментари.

„Иди Борче со трските за риба“, е уште еден коментар со повик до градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски.

Но, не е само оваа улица, поплавено беше и на улицата „Палмиро Толјати“. И таа се наоѓа на почетокот од населбата Ченто.

На почеток