Максим Димитриевски актуелниот градоначалник на Куманово, кој дојде на функцијата како кандидат на СДСМ, веќе не е член на владејачката партија, која денеска објави дека ќе оди со друг кандидат на претстојните локални избори.
Новиот кандидат на СДСМ, Оливер Илиевски, секретар на општинската организација на партијата, ќе му биде противкандидат на Димитриевски, кој минатата седмица собра потписи за независен кандидат.
„Согласно статутот на СДСМ, со ваквата одлука на Димитриевски автоматски се исклучува од членството во СДСМ“, велат од партиското раководство за „360 степени“.
Извор: 360 степени