“Дали сте свесни што направивте, дали сте свесни дека со вашиот избор револтиравте река народ. Дали сте свесни дека го поделивте народот, ја поделивте и ја распарчивте партијата која на сите ни беше семејство“, порачаа членовите на СДСМ од Радовиш кои бурно протестираа против одлуката на раководството на СДСМ да избере нов кандидат за градоначалник, наместо актуелниоот Герасим Конзулов.
На протестот се палеле членски книшки и партиското знаме на СДСМ во знак на револт од одлуката на владејачката партија која за нов кандидат за градоначалник го избра Коле Чаракчиев.
“Се собравме да го изразиме напшиот револт. Нашиот градоначалник Герасим покажа како треба да се развива Радовиш, како може од едно сосема забораено млао гратче да се претвори во град и да напредува. Тој беше и ќе остане најдобриот татко на општината. Еден и единствен, градоначалниок на сите сограѓани“, истакнаа членовите на СДСМ.
Извор: ТВ Кобра
фото: Mediapress.mk
