Свет

Град со големина на орев, силно невреме го зафати Тиват

Силно невреме проследено со силен југозападен ветер, дожд и град со големина на голем орев, ги зафати утрово Тиват и околината. Тиват побелел од градот кој предизвикал материјални штети.

Градот нанел голема материјална штета на автомобилите, објектите, овоштарниците, наведува Вјести.

Голема количина град која нападнала за толку кратко време предизвикала и помали поплави на сообраќајниците и улиците во центарот на Тиват, но комуналците брзо интервенирале и отстраниле последиците.

На почеток