Македонија

Судар на „Туристичка“ во Охрид, повреден еден од возачите

На 22.09.2021 во 21.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на кружната крстосница на булеварот „Туристичка“ и улицата „Стив Наумов“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(33) и мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од В.И.(51), двајцата од Охрид.

-Сѐ што ве интересира добивате со еден клик -

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото извршила екипа на СВР Охрид.

To Top