Скопје

Сопственик на аптека во Чаир почина од стрес откако му ја ограбија аптеката

Сопственик на аптека на улицата Џон Кенеди починал набргу откако објектот бил ограбен, јави МВР.

-Сѐ што ве интересира добивате со еден клик -

Тој не бил во аптеката за време на грабежот, туку стигнал 10 минути подоцна и му се слошило.

Набргу со итната медицинска помош бил однесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што од страна на лекар е констатирана смрт.

Грабежот се случил синоќа по 20 часот кога едно лице со закана со нож кон вработената го одзел дневниот промет.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

To Top