Свет

Бебиња вакцинрани против корона во Турција, во тек е истрага

Турското Министерство за здравство почна истрага за наводите на турски лекар за погрешно администрирани вакцини против Ковид-19 на бебиња во Турција, јави турската телевизија НТВ.

Проф. Д -р Зафер Куругауол од Медицинскиот факултет во Измир за телевизијата изјави дека лекарите ненамерно вакцинирале деца под една година против коронавирус. Според него, имало случаи во кои бебињата биле погрешно вакцинирани против Ковид-19, наместо со вакцини против хепатитис Б.

Во исто време, Куругаол рече дека не се забележани несакани ефекти кај вакцинираните бебиња. До денеска, повеќе од 106 милиони луѓе се вакцинирани против Ковид-19 во Турција, 53 милиони луѓе со првата доза на вакцината.

На почеток