Свет

Португалија од 1 октомври ги укинува рестриктивните мерки

Португалија ќе ги укине скоро сите рестриктивни мерки против коронавирусот од 1 октомври и на тој начин ќе им овозможи на рестораните и културните институции да примат максимален број посетители, изјави денеска премиерот Антонио Коста.

-Сѐ што ве интересира добивате со еден клик -

„Бидејќи исчезнуваат повеќето ограничувачки мерки наметнати со закон, ќе влеземе во фаза врз основа на одговорностите на сите нас“, рече премиерот Коста на пресP-конференција, пренесува Ројтерс.

Тој, исто така, истакна дека не смееме да заборавиме дека пандемијата не е завршена.

Меѓу ретките мерки против коронавирусот што останаа на сила се задолжителното носење маски во јавниот превоз, на големи настани, во домови за стари лица, болници, трговски центри и хипермаркети.

Ројтерс потсетува дека маските во Португалија престанаа да бидат задолжителни на отворено минатата недела.

To Top