Магазин

(ВИДЕО) Тешка навреда претрпе Цеца, а Шерифовиќ се смееше

Композиторот Драган Стојковиќ-Босанац уште на почетокот на новата сезона се скара со Цеца Ражнатовиќ, која од оваа година е во жирито на „Гранд“. Тој ја навреди фолк-ѕвездата и за неа рече дека не е пејачиште, туку само популарна пејачка.

Кавгата настана кога една од натпреварувачките испеа песна од Цеца, а Босанац не беше воодушевен од нејзиниот настап.

„Ако сме во иста професија, не сме сите исти. Марија Шерифовиќ е пејачиште, а Цеца е само популарна пејачка, ама и тоа е дискутабилно“, рече Босанац.

Втората емисија од новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ ќе се прикажува в сабота, а фановите коментираат дека и без Карлеуша, шоуто ќе биде забавно.

На почеток