Општина Охрид на официјалната веб страна ја потврди веста за смртта на градоначалникот Јован Стојаноски. За во недела е закажана вонредна седница на Советот, кој се очекува да изгласа одлука за прогласување Ден на жалост во Охрид.
Во понеделник (17.12. 2018 г.), со почеток во 10 часот, во големата сала на општинската зграда ќе одржи Комеморативна седница.
Градоначалникот Стојаноски почина утрово на 48 годишна возраст. Тој починал додека го транспортирале од Општата болница во Охрид до Кардиолошкиот завод.
Официјално мандатот на градоначалникот на Општина Охрид, Проф. д-р Јован Стојаноски започна на 20.10.2017 година, после победата во првиот круг на Локалните избори 2017 година.