Магазин

(ФОТО) Цела српска естрада на погребот на Марина Туцаковиќ

Денеска, во Белград е погребана Марина Туцаковиќ, најпознатиот текстописец во поранешна Југославија. Таа почина пред десет дена по долга борба со ракот на дојката. Марина е погребана покрај синот Милош, кој почина во 2008 година.

На гробиштата во Нов Белград прв пристигна сопругот Александар Радуловиќ – Фута. Композиторот беше болен од корона и не дозволи да ја погребаат додека тој не оздрави, пренесоа српските медиуми.

На последното испраќање на Марина дојдоа голем број нејзини соработници и пријатели. Цеца, Јелена Карлеуша, Жељко Јоксимовиќ, Саша Матиќ, Оливер Мандиќ, низ солзи се простија од славниот текстописец.

Синот на Марина, Лака, претходно побара од фановите да не доаѓаат на погребот, туку да ги слушаат песните на мајка му во нејзино сеќавање. Тој рече и дека на погребот ќе може да дојдат само оние што ќе покажат сертификат дека се вакцинирани против коронавирусот.

На почеток