Магазин

„Јутјуб“ ги забрани содржините против вакцини

Компанијата „Јутјуб“ ќе ги блокира сите содржини против вакцини на својата веб-страница, објави „Вашингтон пост“.

Во извештајот се наведува дека „Јутјуб“ ќе забрани содржина против вакцини што не се однесува само на вакцини против ковид-19, туку и на други вакцини, како што се оние против мали и големи сипаници.

Повикувајќи се на зборовите на потпретседателот на „Јутјуб“ за прашања од глобална доверба и безбедност, Мет Халприн, „Вашингтон пост“ посочува дека компанијата ќе забрани и познати активисти кои се борат против вакцините и дека ќе го стори тоа со откажување на неколку профили.

Ова вклучува содржини што лажно тврдат дека одобрените вакцини предизвикуваат аутизам, рак или неплодност, или дека супстанциите во вакцините можат да ги следат оние што ги примиле“, се вели во соопштението на компанијата.

Платформата претходно воведе правило за забрана на дезинформации во врска со коронавирусот за време на пандемија, вклучително и оние за лекување и превенција.

Меѓутоа, во средата, таа инаведе дека лажните тврдења се прелеале и во други области на медицината.

На почеток