Младен Чадиковски е новиот претседател на Здружението на новинари.
Чадиковски денеска е избран со 86 гласа, додека неговиот против-кандидат, СтолеНаумов, имаше 77 гласа. Освен прв човек на ЗНМ, се бираше и нов управен и надзорен обор, како и членови на советот на честа. Од сите кандидати за сите тела на ЗНМ, најмногу гласови, вкупно 95 доби новинарката Мери Јордановска која сега е член на надзорниот одбор.
Досега функцијата претседател на ЗНМ ја вршеше Насер Селмани, кој на ова позција беше цели осум години.