Македонија

Попишувачи не сакале да вратат опрема, откако им кажале дека нема исплата без да пополнат контролен лист со податоците од електронската база

Револт, нервоза и размислување за бојкот кај дел од попишувачите на последниот ден од пописот при предавање на задолжената опрема во Државниот завод за статистика, откако ќе завршат со активностите. Ваква била атмосферата и вчера во повеќе градови во Македонија, кога на попишувачите кои завршиле со операцијата, им побарале да пополнуваат документ наречен „контролна тетратка“. Таму се внесуваат и адреси на граѓани кои не биле дома или не отвориле врата, кога попишувачот дошол на нивната адреса. Доколку не го сторат тоа, им посочиле дека нема да бидат ниту исплатени. Поради ова, дел од попишувачите размислувале и да не ја вратат задолжената опрема.

„Ни рекоа сите кои сме ги попишале да ги внесеме во контролните тетратки, сите луѓе, и по редослед од фамилијата според тоа кој е прв, а кој последен попишан. Во спротивно, кажаа дека нема да не исплатат. Ова ни го кажаа кога ги враќавме лаптопите, а не на почетокот кога се даваа насоки. Ова беше причина за голема нервоза, вриеше атмосферата“, вели анонимен попишувач за „Скопје1“ кој бил да се раздолжи со опрема бидејќи ги посетил сите адреси кои ги имал како задача во месноста каде попишвал.

Претходно, за овој документ, според нашиот извор, од ДЗС им рекле дека е за нивна евиденција.

За ова нема информација од ДЗС, од каде во текот на пописот до сега, не сакаат да зборуваат за проблемите со кои се соочуваат во јавност. Денеска е последниот ден од пописот. Иако многумина од граѓаните се жалеа дека останале непопишани, од ДЗС уверуваат дека денеска ќе го довршат пописот на населението и дека нема потреба од продолжување на истиот. Но, пописот заврши.

ФОТО: Илустрација

На почеток