Магазин

Целодневен Skopje Vinyl Convention во МКЦ

Денес, со почеток од 13 часот во МКЦ ќе започне петтиот по ред „Skopje Vinyl Convention“, во организација на Funky Fresh.

Настанот е инспириран од и посветен на сите колекционери и љубители на винили. Има примарна цел да ги сплоти сите љубители и колекционери, а воедно и да им даде простор на локалните диџеи да ги покажат своите плочи и умешноста стекната изминатиов период. Оваа година ќе има повеќе изложувачи и дилери и секако одлична музичка програма. Целодневната програма вклучува над 20 дилери на плочи од земјата и регионот, неколку премиери на нови винил изданија и настап на повеќе од 20 локални музичари.

Влезот е слободен. Настанот ќе се реализира согласно актуелниот протокол за организирање  настани на отворен простор.

На почеток