Свет

Протести во Белград под слоганот „Ајде да се преброиме“

Повеќе илјади граѓани синоќа излегоја на протести во Белград, против актурлната власт на претседателот Александар Вучиќ, под називот „Ајде да се преброиме“.

Од собирот кој помина без инциденти, граѓаните најавија дека ќе истраат во борбата за победа и дека, како што го победија поранешниот претседател на СРЈ, Слободан Милошевиќ, така ќе го победат и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Протестот започна во 18 часот на платото пред Филозофскиот факултет во центарот на Белград, каде што се обрати академикот Душан Теодоровиќ и актерот Тихомир Станиќ, по што граѓаните се прошетаа до зградата каде што се наоѓа седиштето на српскиот претседател, потоа продолжија пред српскиот парламент, телевизијата Студио Б и Радио Телевизија на Србија.

Меѓу граѓаните беа и претставници на опозициските партии Вук Јеремиќ, Драган Ѓилас, Борко Стефановиќ, Јанко Веселиновиќ, Милош Јовановиќ, Бошко Обрадовиќ.

Протестот “Ајде да се преброиме” настапи поради наводите од одредени медиуми и актуелната власт во Србија, дека мал број граѓани се имаат собрано за време на протестите на 8 декември, додека организаторите тврдат дека имало повеќе од 10.000 незадоволни граѓани.

Инаку ова не е прв протетест, исти имаше и минатата недела. Но, Српскиот претседател Александар Вучиќ, тогаш изјави дека нема да исполни ниедно од барањата на опозицијата и пет милиони луѓе да излезат на улиците, поради што една од главните пароли на денешниот протест гласеше “Еден од пет милиони”.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток