Актуелно

„Не ги малтретирајте прележаните!“, Пановски со апел до здравствените власти

Mикробиологот Никола Пановски, со апел до здравствените власти да не ги малтретираат лицата кои прележале коронавирус, и да им дадат рок од 12 месеци да се вакцинираат.

-Досега, за 18 месеци од почетокот на пандемијата, починале 5 лица претходно прележани, а за 6 месеци од вакциналната кампања кај нас починале скоро 200 комплетно вакцинирани. Министре Филипче и премиеру Заев, уште ли верувате дека вакцината штити подобро од природното прележување? Извинете се и сменете ги „врвните експерти“ кои ве убедија во таа глупост“, пишува Пановски во колумна на платформата „Окружење“.

На почеток