Коментари

Пановски: Несаканите ефекти од вакцините во однос на постковид последиците, се минимални

Несаканите ефекти од вакцините во однос на постковид последиците, се минимални и неспоредливи, вели доктор Никола Пановски на Фејсбук.

-Сѐ што ве интересира добивате со еден клик -

„Точно е дека голем број што не се заразиле пред да се вакцинираат се заразија по вакцинација, односно вакцината барем кај нас не штити од заразување, затоа сертификатите како мерка против ширење на вирусот се нелогични и јас сум јавно против нив. Сепак не значи дека вакцинираните почесто заболуваат од невакцинираните, напротив. Мене лично ми починаа тројца пријатели од ковид, десетина пријатели вакцинирани заболеа, но оздравеа. Несаканите ефекти од вакцините во однос на постковид последиците, се минимални и неспоредливи“, вели Пановски.

To Top