Свет

Десет илјади граѓани излегоа на протестите против владата на Орбан

Околу десет илјади граѓани протестираа во Будимпешта против новиот закон за работа и , како што се наведува ,,растечкото авторитарно владеење на националистичкиот лидер Виктор Орбан”. Протестите во еден момент станаа насилни и полицијата употреби гас за да ја растера толпата.

Судирите настанаа кога демонстрантите пристигнаа пред зградата на државната телевизија МТВА. Протестите насловени како ,,Сеќен Божик господине премиер” се одржаа по четврти пат во последниве седум дена, а го организираат левичарските опозициони партии, група студенти и граѓани кои се противат на владата на Виктор Орбан. На протестите им се приклучија и синдикатите.

Партијата на Орбан – Фидес во саботата реагирајќи на протестите соопшти дека е се поочигледно дека учесниците се криминалци кои ги организирала межата на Џорџ Сорос.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток