Скопје

Тортески го искара Шилегов: Службеници од Градот ги носите со вас како да ви се слуги

Александар Тортески, кандидат за градоначалник од „Твоја партија“ за Град Скопје му реплицираше на Петре Шилегов кандидат од СДСМ, дека користењето на вработени од Град Скопје за приватни потреби е тешка злоупотреба.

-Сѐ што ве интересира добивате со еден клик -

„Во однос на начинот на трошење на парите на граѓаните го гледам и во овие емисии кои ги правиме сега. Вие надвор имате службеници од градот кои ги носите со вас како да ви се слуги, а ние ги плаќаме. Тие ви се лични секретарки, кои земаат плата од Градот а ви ги носат тефтерите. Тоа можете да го направите ако се вработени во вашата адвокатска канцеларија или приватен секретар. Не може вработена во вашиот кабинет да биде овде надвор и да ви го носи тефтерот. Тоа е тешка злоупотреба на службената положба“, рече Тортески

„Во моментов е 2:05 кога ја снимаме емисијава, во моментов сум се уште сегашен и иден градоначалник“, рече Шилегов.

„Овде не сте градоначалник, овде се кандидат за градоначалник и не смеете да ги мкнете вработените од Градот а ние да ги плаќаме. Ви ги носат вас тефтерите и вас на пауза ви сугерираат што треба да кажете. Со мои средства од фирмарината добива плата“, му врати Тортески.

To Top