Актуелно

Најмногу болат детските солзи: „Сакам јадење и децата да не ме исмеваат на училиште дека мама и тато немаат пари“

Стојче Јакимов од село Ерџелија, Свети Николе има 37 години. Имал скромно детство, но бил среќен затоа што имал храна и сигурен дом. Тој се жени со Татјана пред 15 години. Им се раѓаат три прекрасни дечиња Бојана, Давид и Викторија. Стојче, никогаш не верувал дека ќе се најде во многу тешка ситуација. Да нема услови да ги прехранува сопствените деца и да се плаши да не му се урне куќата и да убие некого. Вака, Стојче низ солзи почна да го раскажува својот тежок живот во емисијата „Срце на дланка“.

-Сѐ што ве интересира добивате со еден клик -

Животот на ова семејство започнува да се лизга надолу, кога еден по друг и Стојче и неговата сопруга остануваат без работа. А, кога во една куќа нема редовен прилив на средства, сите знаеме дека резултатот е пропаѓање на куќата, глад и сиромаштија.

Стојче имал многу стресови, кои подоцна ќе се одразат и врз неговото здравје. А, како резултат на нервозите и нездравиот живот, тој денес боледува од сериозни болести, меѓу кои и чести напади на епилепсија. Моментот кога неговата сопруга поради тешкото пораѓање, е настан кој Стојче нема да го заборави.

Кога синчето има само еден месец старост, се разболува од срцева болест, па мора да лежи долго време во болница во Скопје. Стојче останува сам со децата, но секој ден ја посетува сопругата во Скопје. Поради тоа што нема ниту денар во џеб, тој мора да запира автомобили, па авто-стоп да стигне кај својата сопруга. Еден ден, докторот да му кажува дека животот на Тања, виси на конец. Силните молитви за здравјето на Тања, веројатно ќе ја вратат во нивниот семеен дом во Ерџелија, но тоа секако ќе се одрази врз нејзиниот живот подоцна. Тања иако има само 35 години, е многу болна, а дури и во таква состојба, мора да чува три мали деца.

Во домот на Стојче со месеци се случува да не затропа лажицата. Тие заедно со децата со години јадат само леб и кромид. Помош, ќе кажат и Стојче и Тања добиваат само од нејзините родители, но, бидејќи и тие се сиромашни, понекогаш со нив го делат и последното залче леб.

Ова семејство ќе ја цени секоја помош. Затоа, доколку сакате да им помогнете, тоа може да го направите на следната сметка:

Татјана Јакимова

210501676694325

Телефон: 075/650 873

Автор: Оливера Петрушевска

Повеќе на Приказна.

To Top