Некатегоризирани

Хрватската влада ја ограничи цената на горивата

Хрватската влада денеска го усвои предлогот со кој се ограничува цената на бензинот на 1,48 евра и на дизелот на 1,46 евра, објави Хрватската радио -телевизија (ХРТ).

Премиерот Андреј Пленковиќ на почетокот на седницата на рече дека ова ќе важи еден месец, дека верува дека дистрибутерите ќе ја поддржат одлуката и дека истата е во корист на економијата и граѓаните.

Максималните износи на цените ја вклучуваат цената на нафтениот производ, акцизата и ДДВ-то, како и премијата на енергетскиот ентитет, која ја вклучува и маржата.

На почеток