Скопје

Филиповски: Очекував повеќе почит и основно ниво на култура

Во рамки на интервјуто за „Press 24“, Александар Филиповски, кандидат за градоначалник на Општина Аеродром истакна дека е разочаран од ниското ниво на култура и обидите за манипулација со граѓаните на опозицксата ВМРО-ДПМНЕ.

-Сѐ што ве интересира добивате со еден клик -

– Искрено, очекував повисоко ниво за овој предизборен процес. Морам да кажам дека ми е многу мило што за првпат имаме повеќе кандидати, затоа што ова значи дека граѓаните можат да слушнат повеќе понуди. Секако, квалитетот на понудите е нешто на кое ќе треба дополнително да се работи. Мислам дека она што недостасува на политичката сцена е сериозниот пристап кон изработка на програмите, односно проекти кои се добро
осмислени, потребни, реални и изводливи, а не наменети да агитираат во предизборниот процес. На пример, од програмата на ДПМНЕ речиси сите проекти се невозможни или веќе реализирани. Плацевите на кои предвидуваат градинки и зелени површини, промовирани на бројните спотови, се или приватна сопственост или не се воопшто предвидени во деталните урбанистички планови. Да не се разбереме погрешно – јас не
велам дека тука не треба да има градинки или зелени површини, само велам дека е невозможно ова да се вети и е срамота да се манипулира со народот на овој начин. Истото се однесува и на паркинг местата – 3000 паркинг места се 12 катни гаражи. Ова е невозможно да се реализира и финансиски и во однос на локации – освен ако не сечемезелени површини.

Исто така, тоа што особено ме разочара е негативната кампања, која почна многу рано во кампањата. ВМРО-ДПМНЕ се осмели да го нападне моето семејство и компанијата која сме ја граделе со генерации и успешно се развива повеќе од 45 години. Компанија која ја вовлекоа во предизборна кампања, не размислувајќи ниту на повеќе од 100-те наши вработени и нивните семејства кои секојдневно стрепат следејќи ги дневните случувања. Навистина очекував повеќе почит и основно ниво на култура, вели во интервјуто Филиповски.

To Top