Скопје

ФОТО: Тешка сообраќајка среде Скопје, едно возило забиено и во споменик

Неколку видно оштетени возила, уништен дел од споменик и шлеп служби се на терен кај Соборниот храм, по тешката сообраќајка која се случи вечерва.

-Сѐ што ве интересира добивате со еден клик -

На терен се уште е полицијата која прави увид, а неколку лица се пренесени и во болница на лекување, поради повреди кои ги имале.

Неофицијално, станува збор за возачи на автомобилите, од кои едниот има дваесетина години.

Несреќата се случи помеѓу булеварот „Партизански одреди“ и булеварот „Климент Охридски“. Оштетен е и споменикот на Климент Охридски кој е поставен на булеварот, бидејќи едно од возилото удрило директно во него. Две од возилата не се во возна состојба.

Засега од МВР нема детали за тоа дали има тешко повредени лица.

To Top