Актуелно

134 приговори до ДИК

До сега до ДИК се пристигнати 134 приговори, од кои 63 се прифатени а 10 се одбиени.

Гласањето се одвива нормално, oсвен на повеќе од 10 гласачки места имаше прекин поради проблеми со фингерпринт-апаратите.

Меѓу нив се избирачки места во Дебарца, Демир Хисар, Старо Нагоричане, Липково, Македонски Брод, Пехчево, Радовиш, Росоман, Сопиште…

Некаде прекините траеле неколку минути, а некаде и над 2 часа.

На повеќе претежно тешко пристапни места се гласа на стариот начин со УВ ламба и со спреј.

 

На почеток