Коментари

Дали Пендаровски ќе ги заштити државните интереси или ќе премолчи?

Пратеникот Илија Димовски на Фејсбук напиша статус во кој вели дека Претседателот на Република Македонија има уставна должност.

-Сѐ што ве интересира добивате со еден клик -

„Што чека Претседателот Стево Пендаровски после денешната изјава на професорот Ванчо Ѓорѓиев?
Ќе ги заштити ли државните интереси (согласно Резолуцијата на Собранието од 29.07.2021) или ќе премолчи?
Ќе ја заштити ли Комисијата од политички притисок?
Претседател на Република Македонија има уставна должност“, напиша Илија Димовски на Фејсбук.

Историчарот Ванчо Ѓоргиев преку соопштение до јавноста поднесе оставка од историската комисија. Тој наведува 5 причини за оваа оставка, а како прва ја наведува причината дека имал „политичко влијание“ врз работата на историската комисија.

To Top