Коментари

Новинар до шефот на кабинет на Шилегов: Дан требит работа?

Новинарот Кристијан Ландов на Фејсбук објави видео од шефот на кабинет на Петре Шилегов, Никола Наумоски, во кое за новинарите вели дека не известуваат коректно кога кажуваат дека нема да се отстрани ниту еден споменик од проектот Скопје 2014.

-Сѐ што ве интересира добивате со еден клик -

Откако Шилегов губеше во првиот круг на локалните избори, новинарот го прашува неговиот шеф на кабинет дали му треба работа, веројатно мислејки на тоа дека ако актуелниот градоначалник ги изгуби изборите, Наумовски ќе остане без работа.

„Ова е Никола Наумовски-Никса, шеф на кабинет на Петре Шилегов. Изјавата му е за новинарите, кои очигледно не згрешиле туку тој ги потценувал. Кога јадеше гурбаии за мене, не знам дали му пренесоа, ама им кажав да му кажат: Секој почеток има свој крај.
Инаку, типов е од наводен борец против “Скопје 2014” до борец за Шилегов и власт.
Никса, дан требит работа?“, стои во објавата на Фејсбук.

To Top