Коментари

Колев до Ѓорѓиев: Се сеќавате ли на оваа ваша книга или ќе ја гориме и нејзе?

Претседателот на ГДУ, Петар Колев, на Фејсбук ја искоментира оставката на професорот Ванчо Ѓорѓиев од мешовитата историската комисија со Бугарија.

-Сѐ што ве интересира добивате со еден клик -

„Професорот Ванчо Ѓоргиев ми беше „последната“ надеж, дека ќе застане како научник и професор во одбрана на вистината и ќе даде се од себе, за да го зачува идентитетот.
После неговата оставка, сите надежи паѓаат во вода.

Професоре се сеќавате ли на оваа ваша книга или ќе ја гориме и нејзе?“, пишува Колев.

Колев објави и неколку фотографии од книгата на Ванчо Ѓорѓиев „ВМРО 1893-1903 поглед низ документи“.

To Top