Актуелно

Синот на Трамп за Болдвин: Го обвинува пиштолот наместо себеси!

Синот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Доналд Трамп помладиот, се огласи на социјалната мрежа Инстаграм по повод смртта на директорката на фотографија Халина Хачинс, која ја уби актерот Алек Болдвин.

Тој преку саркастични фотографии на споменатата мрежа јавно го обвини актерот за несреќата.

„Тој поглед кога лудак кој не умее да користи пиштол убива повеќе луѓе со пиштол отколку што досега убила вашата гобемна колекција огнено оружје“, напиша Трамп и објави фотографија од Болдвин.

Трамп помладиот потоа објави фотографија од Болдвин и неговата сопруга Хиларија, со натпис којшто ја исмева.

„Како се вели на англиски дека сме за*бени? – Хиларија Болдвин“, пишува на фотографијата.

На почеток