Актуелно

Најчевска е лута на ботовите: Ситни криминални умови без имагинација и со многу ограничени интелектуални способности

Професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека бот е платено занимање, додавајќи дека не треба никој да им се објаснува, туку да бидат блокирани. Таа не посочи на кого мисли кога ги споменува „ботовите“, но потенцира дека тие се криминални умови.

„Бот е занимање. Платено. И не е воопшто ново. Напротив. Едно од постарите. Само сега ги користи социјалните мрежи како алатка за остварување на дејноста. Основна задача на ботот е да загадува. По нарачка на газдата тој треба да го сврти вниманието од суштински проблеми, незгодни прашања и/или да прикриe несакани податоци. Тоа го прават со производство на енормни количини фекалии. Најзафатени се кога треба да ги прикриjaт продуктите од големата нужда која ја направил газдата. Тука се применува правилото на право пропорционалност. Колку е поголем и посмрден тотлакот кој го направил газдата, толку се поактивни и попродуктивни во продукцијата на фекалии ботовите. Во моментот кога ќе забележите зголемена активност на ботовите веднаш барајте кај е тотлакот на газдата, кој е податокот кој сака да го прикрие или кое е прашањето на кое не сака да одговори. Самите ботови се ситни криминални умови без имагинација и со многу ограничени интелектуални способности кои не знаат да ги искористат вистинските слабости на оној кој го напаѓаат затоа што немаат доволно мозок воопшто и да ги препознаат. Меѓутоа го загадуваат просторот и можат да бидат дури и опасни по живот доколку премногу се намножат. На ботовите не им се докажува или објаснува. Со нив не се комуницира. Едноставно се блокираат и се пушта вода. Големи количини вода“; напиша таа.

На почеток