Коментари

Пратениците кои се кандидираа за градоначалници, да си поднесат оставки од пратеничката функција, вели Апасиев

Димитар Апасиев од Левица на својот фејсбук профил објави дека очекува неговите колеги-пратеници кои се кандидирале за градоначалници и не освоиле доверба од граѓаните – да си поднесат ОСТАВКИ од пратеничката функција.

„Оти, според хиерархискиот „Ред на честа“ (Cursus honorum), пратеничката функција е над градоначалничката! Не можете да бидете претор, ако не исполнувате услови ниту за едил!? Кога не сте освоиле доволно гласови ниту за помалата, а љубоморно и неетички си ја чувате поголемата функција – тоа значи дека немате морален компас, а ниту легитимитет веќе да ги претставувате граѓаните. Сте се обиделе да ја шитнете пратеничката функција која ви е доверена и не сте успеале. Ред е да си заминете од законодавниот дом. Спротивното значи дека вашите лични интереси (за државна плата и нереални патни трошоци) ги ставате пред народните. А тоа народот го гледа и не го заборава“ пишува Апасиев.

На почеток