Магазин

Ќе се мажи Ксенија од „Хјурикејн“

Пејачката Ксенија Кнежевиќ, која беше дел од групата „Хјурикејн“, која ја претставуваше Србија на минатата Евровизија, рече дека планира да се мажи со нејзиното момче Никола Тодоровиќ. Ксенија рече дека тие веќе некое време живеат заедно и дека планираат брак.

-Сѐ што ве интересира добивате со еден клик -

„Наскоро ќе се венчам. Откако почнавме да живееме заедно само зборуваме за тоа и правиме договори. Засега сме среќни и тоа е единственото што можам засега да ви го кажам“, рече Ксенија.

Пејачката веќе пет години е во врска со Никола Тодоровиќ.

To Top