Магазин

Партнерот на Бекута приклучен на апарати

Српскиот политичар Милутин Мркоњиќ е приклучен на апарат за вештачки бели дробови, што е последен обид на лекарите да му го спасат животот во Заводот за кардиоваскуларни болести „Дедиње“, пренесуваат тамошните медиуми.

-Сѐ што ве интересира добивате со еден клик -

Тој беше приклучен на респиратор, но откако падна во вештачка кома, тој беше приклучен на ECMO апаратот, познат и како „вештачко белодробно крило“, со чија помош срцето и белите дробови мируваат, односно се одмараат, додека организмот се одржува во живот.

„Пациентот има канила во феморалната вена (вена на бутот) и оттаму вадиме крв, која поминува низ оксигенаторот, каде што се врши размена, поточно се вбризгува кислород, а се исфрла јаглерод диоксид. Втората канила е во југуларната вена, на вратот и оттаму таа крв се враќа во телото. Со механичка вентилација ги достигнавме максималните параметри и не успеавме. А потоа, според одредени индикации, го вклучивме ECMO уредот“, велат оттаму.

To Top