Актуелно

Истрагата за автобуската трагедија продолжува, бугарски истражител доаѓаат во Македонија

Истрагата за тешката сообраќајка со 45 жртви на автопатот Струма продолжува.

-Сѐ што ве интересира добивате со еден клик -

На предистражната постапка работат шест истражители од Националната истражна служба и тројца обвинители од Окружното обвинителство во Перник.

Портпаролот на главниот обвинител, Сиика Милева, вчера увери дека во најкус можен рок бугарските истражители ќе ги добијат потребните документи од македонските колеги.

Во оваа насока, главниот обвинител Иван Гешев и истражител ќе отпатуваат во Скопје за лично да поднесат барање за правна помош до обвинителството во Македонија. А за да ги идентификуваат загинатите, бугарските истражни власти ќе добијат и ДНК профили од нивните роднини.

Обвинителството и истрагата денеска ќе имаат повеќе детали за верзиите за трагедијата.

Во меѓувреме, седумтемина преживеани од тешката несреќа остануваат на лекување кај Пирогов. Нивната состојба е стабилна. Вчера беа оперирани двајца пациенти. Еден од нив има длабока изгореница на двете раце. Се внимава на оние кои се стабилни, за да можат да бидат пуштени на домашно лекување во Македонија.

To Top