Магазин

Рајан Рејнолдс не сака да биде Џејмс Бонд.

Се чини дека Рајан Рејнолдс не бил сериозен кога навести дека сака да биде следниот Џејмс Бонд.

-Сѐ што ве интересира добивате со еден клик -

Во интервју за „Тајмс“ актерот говореше за својата кариера и за личниот живот, а потоа посочи дека сè уште не е избран наследникот на Даниел Крег.

„Слушам дека бараат нов Бонд“, се насмеа. „Дали би можеле да прифатите Канаѓанец кој пие џин и тоник наместо мартини? Ако е така, тогаш сум заинтересиран за улогата 007“, рече актерот.

Но, сега тој се огласи на „Твитер“ за да ги извести своите фанови дека се шегувал: „Ве уверувам дека не бев ни оддалеку сериозен“.

Претходно, и Двејн Џонсон изјави дека е заинтересиран за култната улога. Но, тој е свесен дека Американец досега не го глумел британскиот таен агент во ниту еден од 25-те филма на серијалот.

To Top