Магазин

„Чиста околина“ го најавија следниот албум со нова песна

„Чиста околина“ го објавија првиот сингл од својот следен албум, кој треба да излезе во првата половина на 2022 година. Ова ќе биде вториот од трите албуми што ги најавија.

„‘Чиста околина‘ останува доследна на својата бескрајна музичка љубопитност и на новата песна ‘Врие Македонец‘ го спојува хип хоп изразот со семплови од Драган Ѓаконовски-Шпато, ‘Телонаука совршена‘, ‘Анастасија‘ и Алек Пејовски“, велат од издавачката куќа „Филтер лејбл“.

„Чиста околина“ во мај го објави Avant-garde fatiguée, нивниот прв албум по повеќе од 25 години пауза. Тој претходно беше најавен со сингловите „Си играме со рапот“ и „Малку поети“.

На почеток