Актуелно

Почина познатиот македонски новинар Тодор Пендаров

Тодор Пендаров, еден од доајените во македонското новинарство почина денеска.

Причината е корона вирусот, објавува Либертас.,кој првично ја прележал, но подоцна имал последици заедно со претходни здравствени проблеми на белите дробови, објави

Пендаров има богата новинарска кариера, а јавноста ќе го памети по неговите известувања како дописник за Радио Скопје од Љубљана на што беше особено горд во своите тв настапи и споделуваше искуства од напредната и организирана Словенија.

Долги години беше советник за односи со јавност во собранието, како дел од кабинетот на спикерот Трајко Вељановски.

На почеток