Свет

Избори во Киргистан: Уапсени тројца кандидати, подготвувале државен удар

Во Киргистан денеска беа отворени избирачките места во рамки на парламентарните избори на кои право на глас имаат 3,7 милиони гласачи.

Отворени се 2.500 избирачки места, од кои 21 во Русија. На изборите учествуваат кандидати од вкупно 21 партија.

– Во меѓувреме, тројца кандидати се уапсени под сомнение дека подготвувале државен удар, изјави секретарот на Советот за национална безбедност Марат Иманкулов и додаде дека истрагата е во тек, а оние што стојат зад нив мора да бидат изведени пред лицето на правдата.

Според главниот истражител на Државниот комитет за национална безбедност, Дамир Суваналијев, уапсени се тројца кандидати од Партијата на зелените, кои наводно подготвувале насилно преземање на власта.

To Top