Актуелно

20.000 евра награда за информации за нападот на автобусот во Косово

Владата во Приштина понуди 20.000 евра како награда за оној што дал информации за извршителот на нападот на автобусот во Глоѓан кај Дечани, кога загинаа три лица.

Како што се наведува, полицијата работи на што поскоро решавање на случајот со нападот во автобус. Двајца студенти и возач на автобус загинаа во напад на автобус во петокот вечерта во Глоѓан.

Oпериран е средношколец кој беше ранет во овој напад и е надвор од животна опасност.

Првично како потенцијален мотив за напад беше конкуренцијата на овој автобуски превозник, која, сепак, не беше потврдена.

Инаку, меѓународните организации на Косово и Метохија, вклучително и американската амбасада, предупредија, како и претходните години, и во овој период на можноста од терористички напади на Балканот, каде што ги вклучија и т.н. Косово.

To Top