Свет

Драма во Хрватска: Тинејџерка со секира нападна социјални работници

Во местото Коториба во Меѓимурје, 16-годишна девојка со секира нападнала двајца работници на Центарот за социјални работи од Прелог.

Според неофицијални информации, инцидентот се случил во петокот при сместување на малолетни деца, пишува Вечерњи лист.

Како што се наведува, таа со секира нападнаа двајца работници, кои успеале да побегнат.

Искршено е стаклото на службеното возило со кое работниците пристигнале во населбата.

Полицијата го истражува овој случај на насилство врз службено лице и оштетување туѓ имот, за што ќе поднесе пријави до Државното обвинителство за млади.

На почеток