Актуелно

Автомобил излета од кањонот Морача, загина 34-годишна жена

Српски државјанин загина, а две лица се повредени откако автомобил со новопазарски регистарски таблички излетал од патот Подгорица-Колашин, јавуваат подгоричките медиуми.

Тричлено семејство од Нови Пазар било во автомобил „опел“ кој утрово излета во кањонот Морача.

Сопругата С.З. (34) е почина, а таткото и 14-годишното момче се повредени.

Жељко Дармановиќ од Службата за заштита и спасување од Колашин за радио Антена М изјави дека за несреќата биле известени со повик во 9.13 часот.

Тој смета дека автомобилот излетал во кањонот и дека никој не го видел. Таткото иако бил повреден успеал да се искачи по лизгавиот терен на околу 150 метри до автопатот, каде го запрел сообраќајот.

Момчето кое има повреди на колкот и карлицата било извлечено околу 11 часот, додека телото на повредената е извлечено час и половина подоцна.

Дармановиќ изјавил дека во акцијата за спасување учествувале голем број пожарникари и дека помогнала и полицијата.

На почеток