Актуелно

(ВИДЕО) Македонка го воодушеви жирито на Гранд

Во вчерашната емисија на Ѕвездите на Гранд, македонката Андријана Петрушовска го воодушеви жирито.

Оваа талентирана скопјанка се претстави со песните „Брод што тоне“ од Тамара Тодевска и „Мили, мили“ од Сара Јо.

Жирирто беше едногласно и од сите членови доби „ДА“.

„Првата песна беше фантастична, маестрална, без грешки“, изјави Марија Шерифовиќ.

„Ефектот Мараја Кери во втората песна беше успешен, браво“, додаде Драган Стојковиќ Босанац

Мили изјави дека интерпретацијата на песната „Брод што тоне“, е една од најубавите која ја слушнал оваа сезона, и дека е воодушевен.

Нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид додаде дека е задоволен од нејзината изведба и се согласува со коментарите од жирито.

Настапот започнува на 02:19:00

На почеток