Актуелно

Денес нова средба Заев – Гаши

Новата средба помеѓу премиерот Зоран Заев и првиот човек на Алтернатива, Африм Гаши е закажана за денес.

На средбата се очекува да се преговара околу можните кадровски понуди, како и да се прецизираат програмските приоритети на кои Алтернатива инсистира да се најдат во евентуалната идна владина програма.

Според неофицијални информации, Гаши очекува две министерски места, како и директорски места, дел и од оние со кои раководи ДУИ. Министерските места ќе се бараат во труд и социјала, здравство, култура, земјоделство и образование.

Средбата доаѓа откако Гаши во петокот доби зелено светло да ги продолжи преговорите со Заев.

To Top