Магазин

Театар „Комедија“ со „Боливуд“ во Црна Гора

На Меѓународниот фестивал на актерот во Ниќшиќ, Црна Гора, вечерва ќе настапи амсамблот на Театар „Комедија“ со мјузиклот „Боливуд“, во режија на Наташа Поплавска, а во изведба на ансамблот на Театар „Комедија“. Тој својата премиера ја имаше во ноември 2019 година во Театарот „Комедија“, каде што редовно се игра. Месецов повторно се врати на сцената по долгата пауза поради пандемијата,

„Нашaта претстава на комично-фарсичен начин упатува на проблемите во нашите посткомунистички општества и преку песна и игра, со коментари за состојбите низ кои поминуваат земјите во транзиција, успешно одговара на реалноста во која живееме“, вели режисерката Поплавска.

Во главните улоги на мјузиклот се јавуваат: Жаклина Стефковска, Атанас Атанасовски, Жаклина Петровска, Жарко Димоски, Ева Скендеровска, Миа Кантарџиева и Сергеј Димовски.

Текстописец е Маја Пелевиќ, музиката е на Огнен Анастасовски, кореографијата и костимографијата се на Наташа Поплавска, сценографијата и видеоанимацијата на Емил Петров, а светло-дизајнот на Милчо Александров.

На почеток