Скопје

МВР за акцијата во Скопје: Постапуваме по пријава за напад, откако лице се јавило во билетарата на МНТ

Министерството за внатрешни работи не кажува дали има дојава за бомба во Македонскиот народен театар, но потврдуваат дека полицајци се на терен по пријава за напад. Оттаму нема други информации, а истите ги најавуваат по завршување на акцијата.

Ја известуваме јавноста дека МВР постапува по пријава за напад, откако едно лице се јавило во 16.45 во билетарата на МНТ. Станува збор за стандардни мерки на МВР после ваква добиена пријава и веднаш штом ги завршиме проверките и веродостојноста на информацијата ќе ја известиме јавноста соодветно. Апелираме граѓаните да останат смирени, а медиумите да ги пренесуваат официјалните и точни информации.

Засега е познато дека се евакуирани десетина згради, од кои дел се во државна сопственост каде се сместени повеќе институции.

To Top